Домени по најниски цени Ние знаеме дека наоѓањето на евтин и сигурен хостинг провајдер за вашиот вебсајт не е едноставна задача и токму затоа ги собравме сите информации што ви требаат на едно место за да ви помогнеме да ја направите вашата одлука. Ние сме посветени во нашата обврска кон нашите клиенти и сакаме да бидете сигурни дека ги имате сите детали кои ви се потребни пред да донесете толку голема одлука. Се надеваме дека ќе ги најдете корисни следните факти кои се базираат на ништо повеќе освен реалноста. Хостирајте повеќе домени Со сите наши хостинг планови имате можност да хостирате повеќе домени во вашиот cPanel акаунт. Ова значи дека ќе го имате луксузот на управување на сите ваши вебсајтови од едно место и сите на ист сервер! Загарантирана достапност 99.9% Им гарантираме на своите корисници 99.9% uptime (достапност) на мрежата! Ние толку се грижиме за тој аспект што посебен тим е задолжен за следење на достапноста. Сите акаунти се под постојан мониторинг. Техничка поддршка скроена за вас Специјализирани во осигурувањето задоволство на корисниците. Ние сме посветени да им овозможиме на нашите клиенти да не контактираат на најприфатлив начин за нив, па така нудиме три различни методи за контакт со нас. Прифатливи цени за веб хостинг Цените се најконкурентните на пазарот и секој хостинг план со нас вклучува неверојатна листа на функции и привилегии за нашите корисници. Секогаш работиме на тоа на клиентите да им дадеме што е можно повеќе придобивки со користење на нашите услуги. Ефикасност Супер брзите конекции и комбинацијата на Apache и Varnish ви нудат максимални перформанси на вашиот вебсајт. Дополнително, нашиот тим врши постојан мониторинг на серверите и секогаш се стреми кон имплементирање на најсовремените практики во хостинг индустријата. Едноставност Знаеме дека изборот на хостинг провајдер може да биде предизвик и затоа сакаме да елиминираме било каква забуна и да го направиме хостирањето на вашиот вебсајт што поедноставно. Нашата едноставна корисничка зона, уникатниот контролен панел и разновидните начини за контакт со нас беа креирани за да ви помогнат вам корисниците. Искористување до последен денар Нудиме “загарантирано искористување на средствата“ со сите наши хостинг планови. Нашата политика за миграција е многу едноставна - ако решите да мигрирате од еден во друг хостинг план, единствено се наплаќа разликата помеѓу плановите за остатокот од периодот на користење на услугите. Ако имате било какви прашања ве молиме не двоумете се да не контактирате во секое време и да продискутирате за вашите потреби со еден од нашите претставници. Го очекуваме вашиот повик и се надеваме на долгорочна и плодна соработка со вас.  
Реални луѓе Ние гарантираме дека ќе бидете во можност да не контактирате и да зборувате со вистински човек, некој кој зборува македонски и може да одговори на вашите прашања, да го поправи вашиот проблем и да ви помогне да ги решите вашите потешкотии со кои се соочувате.
Не сте случајно овде! Поред Вас странава ја гледаат уште                             посетители.
Онлајн Подршка
Refund Policy Terms Of Services